ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати од корона кој е највисок во соседството влева страв дека СДСМ ќе потфрли и во периодот кој следи
Неспособната и неодговорна власт на Заев лошо ја менаџира здравствената криза. Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители од корона вирусот. Македонија е меѓу првите и по број на заразени граѓани на милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Македонија има огромен број заразени здравствени работници кои се оставени со недоволен број заштитни средства, маски, ракавици и опрема.
-Македонија има исклучително малку тестирања со што нема јасна епидемиолошка слика за тоа кои мерки и кои идни чекори треба да се превземаат. Во време кога граѓани се заразуваат и ги губат животите, наместо инвестиција во засилено тестирање, на СДСМ им е побитно да набавуваат октоподи, лигњи, виски, апетисани, шампањи и бурбони. Наместо да спроведуваат конкретни здравствени мерки базирани на масовни тестирања и јасна епидемиолошка слика, власта набавува сортни вина и кафиња. Затоа постои сериозна загриженост дека криминогеноста и лакомоста на функционерите на СДСМ ќе бидат нивниот примарен мотив и натаму во носењето на одлуките. Наместо мерки во полза на граѓаните ќе бидеме сведоци на криминални тендери и обиди за профитерство, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Расипничкото и неодговорно однесување на СДСМ мора да запре. Власта треба интересот на граѓаните да го стави пред се.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа