Заев: Коалицијата „Можеме“ е за избори на средината на јуни

Претседателот на СДСМ Зоран Заев преку „Фејсбук“ за време на лидерската средба уште еднаш порача дека нивната коалиција е за парламентарни избори на средината на јуни.

-Во тек е лидерската средба кај претседателот Пендаровски, на која разговараме за одржување на предвремените парламентарни избори. Став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни, објави Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега