Заев: Нашето општество мора да продолжи да функционира

 

Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните институции потврдуваат дека епидемијата е под контрола. Вирусот ќе биде присутен подолго време и мора да научиме да живееме со него, објави претседателот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук откако Владата попладне на седница усвои одлуки за укинување на полицискиот час и за попуштање на рестриктивните мерки.

 

Во објавата на својот фејсбук-профил, лидерот на владејачката партија нагласува дека граѓаните, секој од нас, сега има уште поголема одговорност зашто, како што вели, битката не е завршена.

 

– Да бидеме внимателни и да се чуваме бидејќи со тоа ги штитиме нашите најблиски и го чуваме јавното здравје. Задолжително да ги почитуваме сите мерки – на тој начин спасуваме животи, напиша Заев на Фејсбук. 

 

Време е за новата нормалност. Нашето општество мора да продолжи да функционира. Мерките се олабавуваат, надлежните...

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 26 May 2020

26.05.2020 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега