ВМРО-ДПМНЕ: За нас е најважно е здравјето на граѓаните, за СДСМ најважно е да го намали поразот

СДСМ сака избори по секоја цена само да го намали неизбежниот пораз.  Во период кога   во последното деноноќие регистрирани се 25 нови случаи и 3 починати Заев, Спасовски и Филипче ги убедуваат граѓаните дека треба да се оди на избори, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што и да зборат и сакаат од СДСМ граѓаните многу добро знаат дека со СДСМ на власт државата се движи  во бездна.

ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ најважно е пред се здравјето на граѓаните.  

ВМРО-ДПМНЕ не  е против избори. Кога и да се одржат изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ќе биде поразен.

Со СДСМ и Заев  на власт добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.“стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега