Арсовски: Ќе профитира ли министерката Нина Ангеловска од спорниот ДУП во Трнодол

За спорниот ДУП во Трнодол се отвора сомнеж дека тој има лукративна цел и дека во блиска иднина од него сериозно би можел да профитира министер назначен од СДСМ, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој на прес-конференцијата јавно постави низа прашања во врска со оваа тема и ја повика власта да даде одговори за проблемот што ги загрижува граѓаните на скопската општина Карпош.

„Дали е точно дека со спорниот ДУП во Трнодол е предвидена улица низ населбата, која треба да води до обиколницата што е предвидена со ГУП? Дали е точно дека истата оваа улица практично ќе оди непосредно во близина до катастарската парцела со број 616, каде што сопственик е таткото на министерката Нина Ангеловска?“, запраша Арсовски.

Според него, наједноставно е министерката Нина Ангеловска да одговори дали татко ѝ е сопственик на ваква парцела веднаш над Трнодол.

„Истата оваа парцела, со големина од 4.418 квадратни метри, претходно ѝ припаѓала на министерката Ангеловска. Повторувам, 4.418 квадратни метри парцела над Трнодол, каде што непосредно ќе води улицата предвидена во ДУП од Општина Карпош. Таму цената на земјиштето надминува над 500 евра за квадратен метар“, посочи Арсовски.

Портпаролот јавно упати прашање до Ангеловска и градоначалникот на општината, Стефан Богоев, дали намерата е во блиска иднина оваа працела да се пренамени во градежно земјиште и таму да никне некоја населба за домување или некој објект што ќе носи профитабилност.

Арсовски исто така порача дека во наредниот период граѓаните ќе имаат можност да ценат колку се искрени намерите за носење на овој, како што рече, спорен ДУП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега