СДСМ: Лажната вест за ДУП-от во Трнодол е доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ

Креирањето лажни сценарија и пласирање на невистини во јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ потврдува само дека во оваа партија ништо не се сменило, реагира СДСМ преку соопштение, откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска го постави прашањето дали од ДУП-от во Трнодол би можела да профитира министерката Нина Ангеловска.

„Уште една лага во низата е и денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, дека зад носењето на Предлог ДУП за Трнодол, општина Карпош, стои лукративна цел и нечиј личен интерес. Како што информираа од општината катастарската парцела (КП) со број 616 воопшто не е во опфат на Предлог ДУП-от за Трнодол, како што денеска лаже ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, оваа катастарска парцела е надвор и од Генералниот урбанистички план (ГУП), што значи дека воопшто не може да се гради на посочената парцела. Но тоа не е пречка ВМРО-ДПМНЕ да лаже и да конструира непостоечки случаи. Кога се дрзнуваат да лажат за вакви лесно проверливи информации, може само да се претпостави за што се досега излажале и за што се ќе излажат во белиот дворец. Транспарентното и отчетно работење останува главно обележје на власта предводена од СДСМ. За конкретниот ДУП, граѓаните имаа можност да учествуваат на јавна дебата и презентација цели 10 дена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога планови се носеа преку ноќ, за време на викенди и празници, зад затворени врати далеку од јавноста. Ова незрело и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ само го покажува степенот на негрижа кон граѓаните и нивните интереси“, наведено е во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега