ВМРО-ДПМНЕ: Прв починат здравствен работник, 38 заразени и 3 починати во еден ден, а Заев бара избори

 

ВМРО-ДПМНЕ објави „факти на денот“. Според партијата, Заев бара избори кога за еден ден има тројца починати и 38 заразени.

 

1. 38 заразени и 3 починати, а Заев бара избори и спрема организирано убиство каде наместо гласови ќе се бројат жртви

 

2.  Владата вчера не задолжи 700 милиони евра, за 6 години со камата ќе треба граѓаните да вратат 870 милиони евра

 

3. Прв починат здравствен работник во Македонија, власта не ги со заштитна опрема медицинските работници, јавната администрација и лицата во контакт со повеќе луѓе во државата.

 

4. Спорен ДУП во Трнодол, за кој граѓани беа тепани, а истиот може да има лукративна цел од кој во иднина може да профитира Нина Ангеловска

 

5. Лидија Димова призна дека направила прекршок и дека фалат пари на сметката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега