ВМРО-ДПМНЕ: За Царовска се многу поважни личните бенефити отколку тоа како живеат граѓаните

Во периодот кога почна корона пандемијата, Царовска ја немаше никаде да им помогне на граѓаните да се надмине ситуацијата. Сега кога СДСМ сакаат избори по секоја цена, Царовска реши да се прошета низ државата и да се „пофали“ дека инвестираат во енергетската мрежа, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако СДСМ се на власт нема никаква инвестиција во енергетиката и граѓаните тоа многу добро го знаат.

За Царовска се многу поважни личните бенефити отколку тоа како живеат граѓаните.

СДСМ и Царовска не направија ништо за доброто на граѓаните во овие три години. Затоа потребно е итна стратегија за државата да излезе од катастрофата која што ја втурна СДСМ, државата.

ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега