ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче бараат алиби за своето неработење

 

Виновници за хаосот во справувањето со епидемијата се Зоран Заев и Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.

 

Оттаму велат дека мерките кои ги носеа ниту беа навремени, ниту беа издржани.

 

-Наместо здравјето на граѓаните, приоритет беше политиката и злоупотребата на вонредната состојба. Стручноста на здравствените експерти Заев и Филипче ја згазија со ефтин политички ПР. Новото нормално за Зоран Заев е да бара избори, додека Македонија брои десетици заболени и мртви секој ден.  На Зоран Заев не му е битно здравјето на граѓаните туку соствената фотелја. СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче  го ставија здравјето и животот на граѓаните во опасност со својата неспособност и задоцнети мерки. СДСМ и Филипче постојано бараат алиби за своето неработење, се вели во реакцијата.

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека СДСМ немаат ниту визија ниту стратегија за справување со корона кризата.

 

-Секој ден се зголемува бројот на новозаболени и смртни случаи, додека  министерот за здравство и владата се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори.  ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме неспособност, криминал, сиромаштија и огромен број на мртви и заболени, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега