СДСМ: Мицкоски и Чулев се несовесни, изборите се решение за нивното неодговорно однесување

 

ВМРО ДПМНЕ е незрела и неодговорна партија. Нивниот лидер Христијан Мицкоски и нивниот технички министер Наќе Чулев се однесуваат деструктивно во текот на целата пандемија, исто како што дејствуваа во изминатите 2,5 години, велат од СДСМ.

 

-Додека министерот Венко Филипче ги мобилизираше здравствените институции кои успешно се справуваат со корона вирусот, кадрите на ВМРО ДПМНЕ практикуваат политиканство, шират паника и креираат лажни вести. Јасно му е на Мицкоски дека граѓаните ќе го казнат на избори неговото нехумано и неодговорно однесување во време на здравствена криза. Лично Мицкоски ја лажеше јавноста дека здравството нема тестови за корона, дека стотици илјади работници останале без работа, а за цело време тој не почитуваше мерки и одеше во теретана во време на забрана, се вели во соопштението.

 

Според СДСМ, Чулев цел мандат го поминувал во заштита на, како што се вели, криминалот на шефот Мицкоски и со неговите постапки за неказнување на несовесните граѓани го загрозува здравјето на граѓаните.

 

-Полицијата не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца. Затоа изборите се решение а не проблем. Тие се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада. Избори се потребни за функционални институции кои ефикасно ќе се справат со сите последици од коронавирусот и подготвени ќе го дочекаат новиот бран на пандемијата најавен за наесен, се вели во соопштението.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега