Фудбалер на Астон Вила избоден со нож

 

 

 

 

Младиот фудбалер на Астон Вила, Бредли Јанг е прободен со нож во Бирмингем, во близина на фудбалските терени.

 

Англиските медиуми јавуваат дека инцидентот се случил во петокот вечерта и тој веднаш бил пренесен во болница.

 

За среќа, повредите не биле опаснии по живот и нема да имаат влијание на неговата кариера.

 

-24-годишнен маж е уапсен под сомнение дека го ранил, но и за поседување дрога, додека други две лица, маж и жена се задржани поради сомнеж оти се ранети, велат од полиција.

 

Мотивите за нападот се уште се непознати. Од Астон Вила не беа достапни за коментар, пишуваат англиските медиуми.

 

Јанг е член на младинскиот тим на Антон Вила, а игра на позицијата напаѓач.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега