ВМРО-ДПМНЕ: Кластерот СДСМ е неспособен да се справи со вирусот, а вината ја префрлаат на граѓаните

СДСМ за својата неспособност со справување со корона вирусот ги обвинуваше граѓаните, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доказ дека на СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните е кога бројката на заболени стануваше се поаларамантна, тие без никаков срам мислеа само на избори.

Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. 

Хоророт со корона вирусот во Македонија продолжува, а во другите, меѓу кои и соседните земји скоро нема ни заболени.

Лудоста на Филипче и Заев мора да запре.

Овие три години откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега