Мицкоски: Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Ковид-19

Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!

При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.

Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее. Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат.

Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани.“ напиша Мицкски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега