Колку се рамноправни половите во Македонија?

 

Светскиот економски форум и оваа година ја објави мапата на која може видиме колкава е рамноправноста на половите во земјите од светот. Во рамки на извештајот се опфатени 136 земји, меѓу кои и Македонија.

Извештајот за рамноправноста на половите бил направен врз база на неколку важни индикатори:

- Економската партиципација и прилики

- Можноста за образование

- Здравјето и преживување (стапка на смртност, животниот век на мажите и жените)

- Политичката моќ

Според извештајот, ситуацијата со рамноправноста на половите се подобрува. Како и минатата година, Исланд е на првото место, а зад него се Финска и Норвешка. Според мапата, Македонија се наоѓа на 57-то место.

26.10.2013 - 11:09

најчитано сега