Молк во Грција за последната рунда преговори за името

Сите грчки медиуми јавија за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Јолевски и Василакис, но засега без да додадат свој коментар, пренесува МИА.

Според МИА, медиумите воглавно го пренесуваат извештајот на државната новинска агенција АНА МПА, без да додадат „сопствени извори“. Еден од најважните факти кој го истакнуваат медиумите е дека на маса се уште е априлскиот предлог, се уште се дискутира за „Горна Република Македонија“ и оти има „добри идеи“.

Грчкиот претставник Василакис, за локалните медиуми истакнал дека „претставникот на Скопје ги повторил познатите ставови на неговата земја“.

Грчките медиуми пренесуваат и дека Нимиц ги  ги повикал сите, од секоја владина организација позитивно да влијаат врз процесот на преговори.

- Секогаш ги охрабрувам сите кои можат да имаат позитивно влијание врз ова прашање да го направат тоа. Овие преговори се во рамките на ОН и се утврдени со Советот за безбедност и Привремената спогодба. Но тоа не значи дека други не можат позитивно да придонесат. Затоа ги повикувам сите, од секоја владина организација, позитивно да влијаат со цел процесот да успее, ја пренесуваат медиумите изјавата на Нимиц.

Според МИА, не сите грчки медиуми објавуја дека на прес-конференцијата во Њујорк се спомена и пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година.

 

26.10.2013 - 11:58

најчитано сега