Режисерот на „Ејс Вентура“ се реши да го подели своето богатство

 

Режисерот на еден од најпознатите филмски комедии Ејс Вентура кој од своите дела заработуваше по милиони долари, се решил да го промени раскошниот холивудски стил на живот. По несреќата со велосипедот во 2007 година, станал пречувствителен на бучава и светло, нешто кое што го натерало да го холивудскиот сјај со едноставен живот. 

Режисерот познат по своите филмски хитови со Џим Кери, како што се Семоќниот Брус и Налудничавиот професор се исели од раскошната вила во Pасадена и се пресели во мала куќа во Малибу, а својот приватен авион го замени со велосипед. Шадјак, исто така, повеќето од своите пари и приватни збирки ги подели, а за филмот, кој ќе го sними после седум години пауза, ја одби седмоцифрената сума и зеде хонорар од 218 илјади долари.

Пред две години сними документарен филм, во кој го прикажа своето преминување од живот на богаташ во живот на човек кој дарува. Во филмот зборува за се она што е погрешно во денешниот свет и за начините на кои можеме да ги поправиме сопствените животи.

- Верувам дека додека имав се, бев најмалку успешен. Живеев живот на богаташ и имав приватни вили и други луксузни работи. Не ми требаше приватниот авион. Тој ме чинеше 44 илјади долари за еден ипол час лет, а тоа е износ кој некој не го заработува ниту за една година, вели режисерот за Си-Би-Ес телевизија.

Поради тоа отвори засолниште за бездомници во Вирџинија, а парично ги помага здруженијата кои се борат против сиромаштијата.

- Што повеќе давам, тоа побогато се чувствувам. Се што сум дал, повеќекратно ми се врати. Замките на славата и богатсвото се токму тоа - замки. Никој на смртната посетела не жалел што немал повеќе пари. Сите зборуваат: Среќен сум што имав семејство кое го сакав, што бев дел од нешто, објаснува режисерот.

Шадјак во својот нов филм, римејк на францускиот филм „The Intouchables“ ќе се занимава со она што го научил во последните седум години.

најчитано сега