ВМРО-ДПМНЕ изрази соочуство за смртта на Ратка Димитрова

 

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение изрази сочувство за смртта Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.

– Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем. Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ратка Димитрова почина на 80 годишна возраст. Освен функцијата пратеник во Собрание, така имаше и богата кариера како виолинистка, со многу одржани концерти во државата и во светот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега