Роналдо во судир со мадридската полиција

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо минатиот викенд имал блиска средба со спроведниците на законот. Имено двајца полицајци го сопреле нговото возило, во кое се наоѓала и неговата девојка Ирина Шаик со која претходно вечерал во еден од мадриддските елитни ресторани. Роналдо почнал да се расправа со полицајците зошто го сопреле, по што едниот од нив, со светилката го потчукнал фарот на возилото на фудбалерот. Тоа крајно го изнервирало Роналдо, по што почанал да користи поостри зборови. За негова нереќа во тој момент се собрале и навивачи на Атлетико Мадрид. Еден од фановите почнал да упатува пцовки и навреди кон најскапиот фудбалер на свеот, по што бил приведен. За разлика од него Роналдо бил набргу пуштен да продолжи да ја вози својата девојка.

најчитано сега