ФОТО: Поради длабокото деколте и забраниле да се качи на авион
Непријатна ситуација доживеа патничка на „Саутвест ерлајнс“ откако и било забрането да се качи на својот лет, бидејќи нејзиното деколте било „безобразно, вулгарно и невкусно“.
Жителката на Чикаго, Кајла Јубенка, реши да го раскаже своето грдо искуство на Твитер, откако вработените во аеродромот и рекоа дека нејзината облека открива премногу.
- Ме избркаа од лет затоа што моите гради се „безобразни, вулгарни и невкусни“. Ми рекоа дека патниците може да ме гледаат во мојата облека и да се навредуваат - рече таа и објави слика од себе во облеката што ја носеше тој ден.
- Навистина се прашувам зошто го прават ова. Како мојата облека влијае на летот за мене, за другите или за пилотот? Според мене, ова е политизација на женското тело. Ме држеа половина час, барајќи причина да не ме пуштат според правилата.
Y’all I was KICKED OFF my @SouthwestAir flight because my boobs are “lewd, obscene and offensive.” I was told that passengers may look at me in my attire and be offended. The attire in question: https://t.co/tOAxZsFDU5 pic.twitter.com/S9W9gFXpg6
— Kayla Eubanks (@UziSuzy) October 6, 2020
Персоналот тогаш го повикал капетанот на летот:
- Те мразат затоа што изгледаш добро, нели? Ако најдат правило според кое треба да се покриете, имате ли нешто да префрлите на себе? Некаква маица, или дозволете ми да ви ја дадам мојата - љубезно ја прашал капетанот, кој очигледно бил засрамен од целата ситуација, а таа одговорила дека сака прво да го види тоа правило.
- Капетанот ми позајми маица за да можам да се качам на летот. Веднаш ја соблеков, така што ми рекоа дека ќе мора да разговарам со супервизорот при слетувањето.
„Southwest Airlines“ тврди дека тие тогаш ја контактирале лично за да се извинат за искуството и да и понудат враќање на средствата.
- Што се однесува до политиката на компанијата, секоја ситуација е различна, а нашите вработени се одговорни за следење на правилата.
Правилата на компанијата велат дека компанијата може да одбие да превезува патник облечен во непријатна или вулгарна облека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа