Дуа Липа ги повика Албанците да гласаат за Бајден: „Беше со Косово“
Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, ги повика Албанците од САД на претстојните претседателски избори да гласаат за кандидатот на демократите Џо Бајден.
Во видео порака на Фејсбук-групата „Албанци Американци за Џо Бајден“ таа порача дека „Бајден бил покрај нив кога Косово се соочило со хуманитарна катастрофа“.
Вашиот глас никогаш не бил толку силен. Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата верба и вербата на Камила Харис во демократијата и во меѓународните институции е тоа што денес им е потребно на САД и на целиот свет – вели Дуа Липа на снимката, повикувајќи ги Албанците да бидат дел од промените кои биле толку потребни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа