Гребење во грлото и тешкотии при голтање: Пет намирници кои ги има во секоја кујна лечат за час
Гребење во грлото и тешкотијата при голтање можат да бидат многу незгодни, а овие се докажани ефективни домашни и природни лекови кои ги ублажуваат симптомите.
1. Исплакнете го грлото со солена вода
Измешајте лажичка сол во чаша вода и плакнете го грлото три пати на ден.
2. Мед и лимон
Медот има силни антибиотички својства. Измешајте две лажици мед со сок од половина лимон и земајте го двапати на ден.
3. Мед и цимет
Измешајте две лажици мед и една лажица мелен цимет во чаша млака вода и пијте.
4. Лук
Како мед, лукот е силен природен антибиотик. Најздраво е кога се јаде свеж.
5. Ѓумбир
Коренот на ѓумбир ги ублажува воспаленијата и болката. Варете парче корен во два и пол децилитри вода, исцедете го и испијте го.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа