Кога е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите Ковид-19?
Се разболувате. Поминуваат неколку дена, и за среќа почнувате да се чувствувате подобро. Дали е во ред тогаш повторно да започнете да се гледате со други луѓе?
Ова е прашање што се поставува низ целиот свет.
Ако имате ковид-19 и се опоравувате до точка каде што веќе немате симптоми, каков е протоколот за да откриете дека сте се опоравиле целосно – праша еден читател.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, ако мислите или знаете дека сте имале корона вирус и сте развиле симптоми, можете да бидете во околина на луѓето откако:
-10 дена откако првите симптоми се појавиле
-24 часа без температура и лекови за намалување на температурата
-ниакви дрги симптоми на корона вирус
Мора да ги исполнувате сите три критериуми. Но, што навистина значи таа последна точка?
„Опоравувањето може да значи намалување на отежнато дишење, назална конгестија или кашлање и престанување на болката во грлото“, рече д-р Ерик Сачинвала, медицински директор за превенција и контрола на инфекции во медицинскиот центар Ајнштајн во Филаделфија.
Важно е да се вентилира просторот дома десет дена, дури и ако симптомите целосно исчезнат по неколку дена. Не е важно дали повеќе не кашлате или имате треска – сепак можете да бидете заразни.
Студиите покажаа дека луѓето со лесна до умерена слика на болеста, по овој десетдневен период, ако немаат никакви симптоми, не можат да го пренесат вирусот – заклучи Нил Голдстајн, доцент по епидемиологија и биостатистика на универзитетот Дрекел.
Ако ги исполнувате сите критериуми, не треба да бидете тестирани освен ако не ви препорача матичниот лекар.
За луѓето кои имаат позитивен тест на корона вирус, но никогаш не развиваат симптоми, ЦДЦ вели дека можат да стапат во контакт со другите по 10 дена од приемот на резултатите од тестот.
Сепак, упатствата се разликуваат ако сте сериозно болни или имате сериозно ослабен имунолошки систем.
Ако развиете сериозна болест SARS-CoV-2, можеби ќе треба да останете дома повеќе од 10 дена и до 20 дена откако ќе се појават симптомите, вели ЦДЦ. Ова исто така важи и за оние со ослабен имунолошки систем.
Ако сте сериозно болни, веројатно имате повеќе вируси во вашето тело, а ако сте слаби, телото не може да постигне ист имунолошки одговор – вели Голдстејн.
На имунолошкиот систем му треба повеќе време да го расчисти вирусот и затоа треба да се изолира подолго.
Според ЦДЦ, можеби ќе треба да се тестирате и пред да можете безбедно да останете близу до другите. Разговарајте со вашиот матичен лекар за тоа.
Ако сте имале близок контакт со некој кој страда од ковид, треба да останете дома 14 дена по последната изложеност на антигенот.
Сепак, постои исклучок. Не мора да останете дома ако сте имале ковид во претходните три месеци и немате никакви симптоми на реинфекција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа