ФОТО: Пари, кутии цигари и цвеќиња пред влезот на Џеј Рамадановски - во парковите се слушаат неговите песни
Српскиот пејач Џеј Рамадановски почина вчера на 56-годишна возраст, а зад себе остави две ќерки - Марија и Ана.
Српските медиуми ја фотографирале глетката пре зградата на Џеј, а ќрката Марија била видно потресена и не сакала да дава изјави. Додала дека е под лекови и дека сѐ уште не знае ништо за местото и датумот на погребот.
Пред влезот има цвеќиња, кутии цигари и пари.
Многу колеги беа шокирани од веста за неговата смрт, па се збогуваа од него и на социјалните мрежи.
Неговите хитови и денес се слушаат, а вчера во негова чест се пуштаа песни низ целиот Белград.
Според видеата на социјалните мрежи може да се забележи дека луѓето ги пуштаат неговите хитови во парковите и на терасите.
Во неговите балади речиси уживаа сите за последен пат, погледнете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа