91-годишник стана хит на социјалните мрежи - неговата изјава по вакцинирањето за Ковид ги насмеа сите (ВИДЕО)
91-годишник од Велика Британија стана хит откако закасни на термин за вакцинирање против ковид-19.
Мартин Кенион даде изјава за Си-Ен-Ен и насмеа многумина откривајќи дека закаснил зашто никаде не можел да најде паркинг.
-Се јавив во болницата и прашав како да се вакцинирам. Ми поставуваа разни прашања, не беше многу интересно, одговорив, а потоа ми рекоа да дојдам во 12:30 часот. Секако дека не можев да најдам паркинг, па доцнев. Сега сум уште тука, бев внатре и тие ме ставија на списокот, објаснил тој.
Раскажувајќи го своето искуство за вакцинацијата рече дека не почувствувал ни кога иглата влегла во него. Најмногу се вакцинирал поради своите внуци.
-Немам намера да го фатам проклетиот вирус. Имам внуци и имам намера да живеам долго за да можам да учествувам во нивните животи. Нема смисла да умирам сега, кога живеев толку долго, рече 91-годишникот Кенион.
Martin Kenyon, a 91-year-old UK resident, received a dose of Pfizer’s Covid-19 vaccine today and says he hopes to hug his granddaughters soon.
“I want to live a long time to enjoy their lives,” he said. “No point in dying now when I have lived this long, is there?” pic.twitter.com/AJVW5pX2oN
— CNN (@CNN) December 8, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа