Иванов: Секогаш сум реалист за прашањето за името

Претседателот Ѓорѓе Иванов кој денеска присуствуваше на завршувањето на проектот „Спортски бон-тон“ во општина Аеродром, околу грчко-македонскиот спор со името изјави дека никогаш не бил ниту оптимист, ниту песимист, туку дека реално ја согледува ситуацијата.

- Додека сум на ова функција никогаш не сум бил песимист, ниту оптимист, секојпат сум бил реалист. И ако сме реалисти, ја знаеме изјавата на господинот Нимиц кој е најдобро информиран во целиот процес, така што немам ништо ни да додадам ни да одземам на изјавата на господинот Нимиц, рече Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали Македонија и Грција сега се најблиску до решение за името, како што тврди лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Алсат М. 

Запрашан дали повторно ќе се кандидира за претседател, Иванов вели дека „кога ќе дојде моментот, ќе им ја соопшти одлуката на граѓаните“.

Во врска со можноста за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски, претседателот потенцираше дека  ќе се постапува според законите и Уставот.

- Додека сум на оваа функција никојпат ниту сум коментирал судски одлуки, ниту мислам да коментирам. Она што е во согласност со законите и Уставот го почитувам. Така што секоја процедура која постои во законите, стриктно се придржувам кон неа.  Имаме во Кабинетот комисија која ги разгледува сите прашања и кога ќе дојде иницијативата, ќе донесе одлука која јас ќе ја прифатам во согласност со ставовите што ќе дојдат од Министерството за правда, изјави претседателот.

01.11.2013 - 14:03
Фото: 
Novatv

најчитано сега