Целосна поддршка од Паневропската унија за евроинтеграциите на Македонија

 

Паневропската унија целосно ги поддржува македонските стратешки цели, оцени денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

- Сметаме дека со нашето однесување и нашиот придонес во унијата ќе биде да се засили меката сила на ЕУ преку почитување на меѓународно-правните рамки и преку овозможување позитивен дијалог со сите соседи кои сакаат да придонесат во оваа идеја, рече Попоски на прес-конференцијата во МНР.

На новинарско прашање, Попоски одговори дека не е случајно што ЕК пет години по ред вели дека Македонија е целосно подготвена да ги почне преговорите и што Советот не може да постигне консензус поради противењето и искористувањето на позицијата на сила внатре во ЕУ од една земја членка која, како што рече, сака да наметне определено решение надвор од меѓународно-правната рамка.

- Но, повеќе и одговара заради внатрешно-политички цели. Тоа што е значајно за нас е да продолжиме да бидеме посветени на она што претставуваат европски реформи и почитување на меѓународното право од страна на Република Македонија. Веруваме дека силна Европа може да биде само праведна Европа која ги почитува истите меѓународни норми за кои се залага и ги промовира. Затоа работиме заедно со нашите партнери во Брисел и во главните градови на земјите членки, рече Поповски.

Претседателот на Паневропската унија на Македонија Марјан Ѓорчев рече дека се одбележува голем јубилеј, 20 години постоење на овој најстар облик на општествена организација на цивилното општество во Република Македонија.

- Во текот на овие 20 години, она што го направивме како граѓани на Република Македонија го направивме пред се со добрина. Чекорејќи низ македонскиот простор и време со добра мисла, помагавме ан сите досегашни македонски влади, на македонскиот Парламент, на сите наши претставници во европските институции, бранејќи ги македонските вредности на нашиот општествен систем. А тие не се мали, тоа се европски вредности, рече Ѓорчев.

02.11.2013 - 15:27
Фото: 
Влада

најчитано сега