О Нил: Последниот предлог на Грција е најголема навреда за Македонија и Македонците

 

Поранешниот медијатор во македонско-грчкиот спор за името, Робин О'Нил, вели дека во изминативе дваесеттина години Грција преговара без желба навистина да постигне некаков договор соМакедонија.

О'Нил за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, изјавува дека Грција преговара со лоши намери, без желба да се дојде до договор со Македонија. Тој додава и дека последниот предлог од страна на Грција, Македонија да го носи името Славјанско - албанска Македонија, е уште понавредлив од претходните грчки предлози.

- Време е Владата на Македонија да му каже на светот дека по 20 години процесот на медијација доживеа целосен неуспех и да се обрати до ОН со барање за прием под уставното име“, истакнува О Нил во интервјуто за „Гласот на народот“.

04.11.2013 - 09:14
Фото: 
твсонце

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега