5 W за имплантација на мултифокални леќи - Who, What, When, Where, Why за најдобар животен комфор

 

Мултифокалните леќи се најсовременото офталмолошко решение и со нив комфорот на живот е најдобар. Современиот пациент се повеќе го цени своето време и вложува напор да најде задоволство во сето она што го работи. Денот содржи многу активности – бричење или шминкање, читање, седење пред компјутер, гледање ТВ или во телефон, возење автомобил, спортување – што треба да ги извршиме без да вложуваме голем напор и да уживаме во нив. Тие секако најмногу зависат од нашите потреби и стил на живот, барања и очекувања, но и од функционирањето на нашиот вид, кој колку што е подобар толку нашиот живот е поубав. 

Некој не гледа добро блиску, некој далеку, некој и на двете растојанија истовремено. Тоа сигурно пречи во извршуавњето на секојдневните активности и затоа нема потреба да чекате и да се двоумите, проблемот може да го решите веднаш со трајно решение, кое е најсовремено во светски рамки – имплантација на мултифокални интраокуларни леќи со кои што ќе гледате беспрекорно на блиску, далеку и средна далечина и нема повеќе да ви се потребни никакви очни помагала. 

Во нашиот серијал во кој преку одговорите на  5 W - Who,  What,  When,  Where, Why, говориме за интервенциите во Систина Офталмологија, овојпат ќе ви објасниме се што треба да знаете за имплантацијата на мултифокалните леќи. 

Koј може да имплантира мултифокални леќи? 

Сите пациенти по четириесетата година, на кои им се потребни три пара очила за гледање (за блиску, за далеку и за средна далечина), се идеални кандидати за имплантација на мултифокални леќи.

Што претставуваат мултифокалните леќи ?

Мултифокални леќи се најсовремено офталмолошко решение за овозможување на добар вид на сите три далечини. Мултифокалните интраокуларни леќи имаат два или три фокуси, и му овозможуваат на пациентот добар вид на различни далечини без очила.

Интервенцијата за имплантација на мултифокални леќи е краток и безболен хируршки зафат во кој се вади природната леќа и се заменува со биокомпатибилна и доживотна леќа. Интервенцијата е со локална анестезија и трае десетина минути. По интервенцијата, истиот ден пациентот заминува дома со беспрекорен вид. Нивната предност во однос на другите очни помагала е тоа што се трајно решение и не е потребно да се одржува хигиена ниту пак да се вадат или ставаат. По имплантацијата, не ги чувствувате и не треба да ги подместувате самите ја вршат функцијата и видотот е побистар, а боите поживи.

Кога  е најдобро да се направи имплантација на мултифокални леќи ? 

По 40 есетата година се влегува во период на пресбиопија или старечка диоптрија. Тогаш се јавува проблем при читање или работа на близина, потребно  е повеќе светлина и се чувствува замор или главоболка. 

Природната леќа на окото ја губи својата еластичност и потешко ги фокусира објектите кои се на близина.  Пациентот, ако носел очила за далеку, сега добива уште еден пар, за блиску.  Ако пак, работи на компјутер и се наоѓа на средна далечина, ќе му биде потребен и трет пар на очила затоа што очилата за близина стануваат јаки, а очилата за далечина  се слаби. 

Тогаш мултифокалните леќи се идеално решение, затоа што може да заменат три пара очила.

Зошто мултифокалните леќи?

Бенефитот е голем, особено во поглед на квалитетот на живот, заради комфорот што го нудат овие леќи.  Ограничувањата кои пациентите ги имале претходно со очните помагала сега веќе ги немаат. Тоа им дава огромна слобода и самодоверба во извршувањето на секојдневните активности било да станува збор за работа или за слободни активности. 

Најновата генерација на мултифокалните леќи се трифокалните леќи, кои овозможуваар совршен вид на сите три далечини. Ова е особено значајно за пациенти кои повеќе часовни дневно работат на компјутер.

Каде е најдобро да се изведе интервенцијата?
Без дилема, во Систина Офталмологија. Искусниот и стручен  тим, кој откако ќе ја сослуша вашата приказна и сите ваши желби и очекувања, точно ќе процени што ви е потребно и ќе ви помогне докрај да ги разберете бенефитите од решението, кое на крајот, заеднички ќе го донесете. 

Во Систина Офталмологија, во беспрекорни болнички услови и со најсовремена технологија, ќе ви ја изведат оваа брза и сосема безбедна хируршка интервенција. Оттаму ќе се заминете со трајно решение и со „отворени очи “. По интервенцијата целиот тим на Систина Офталмологија ќе остане со вас, се додека тоа ви е потребно. 

За крај уште еден интересен факт, по кој сигурно ќе се одлучите својот вид и интервенцијата за имплантација на мултифокални леќи, да ја доверите на искусниот и стручен тим на Систина Офталмологија е дека повеќе наши познати личности се одлучија за оваа интервенција - нашиот Игор Џамбазов, Валентин Николовски, Бојан Крижај и мн други. 

Но, покрај овој, уште еден можеби поважен факт : 

Во Систина Офталмологија сите пациенти имаат третман на „познати личности“. 

 

Од сите права на човекот, најголемо е неговото право на вид!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2021 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега