Грчката полиција објави фотографии од камерите кои го снимиле убиството на членовите на Златна зора
Полицијата во Грција објави фотографии двојното убиство извршено пред канцелариите на неонацистичката партија Златна зора во атинскиот кварт Нео Ираклио.
На фотографиите се гледа дека едниот од напаѓачите е слаб маж, висок 175 сантиметри облечен во темносина фармерки, бели патики, има црн ранец на грбот и бело безбол капче или бела кацига за мотоцикл. Покрај тоа камерите го снимиле и мотоциклот од марката „Хонда“ со црнобела боја , кој беше пронајден на местото на злосторството во саботата.
Мотоциклот бил оставен во канал, но без регистарски таблички и без заден багажник, додека на сликите тие делови ги има. Се претпоставува дека табличките и багажникот се остранети по убиството , за да се попречи истрагата.
Се претпоставува дека убиството е од членови на терористички организации како што се групите „Секта на револуционерите“, „Заговор на јадрата на огнот“, „Група народни борци“ и „Револуционерна борба“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа