Откриена непозната снимка од Чарлс и Дијана: Го прашале дали ја сака, а неговиот одговор е разочарувачки

 

Дека животот на принцезата Дијана можеби бил и потрагичен од тоа што го знаеме, и дека поголемиот дел од тоа што јавноста го видела и го знаела за неа и за Чарлс било лага, докажуваат и новооткриените снимки од свршувачката на кралската двојка.

И покрај тоа што снимката датира од 1981 година, дури сега исплива во јавноста, а подобро од што било досега го отсликува напнатиот и нејасен однос помеѓу Чарлс и Дијана. Ова е една од ретките ситуации на коишто незадоволството не принцезата од Велс е очигледно и во која што не се потрудила да го скрие, пренесува „Дејли мејл“.

Имено, на младиот кралски пар му било поставено прашањето „Дали се сакате меѓусебно“, и додека Леди Ди одговорила „секако“, Чарлс одлучил да даде поинаков одговор: „Што и да значи љубовта“, прокоментирал тој, по што таа затекната рекла „да“, а истовремено низа непријатни емоции се отсликале на лицето на тогаш 19-годишната принцеза.

Видеото секако дека е монтирано и исечено така што јавноста не го слуша коментарот на Чарлс, но необработените снимки беа емитувани во неделата на телевизијата „Channel 5“.

Експертите за кралското семејство тврдат дека се „шокантни“ и „неверојатни“.

„Изразот на нејзиното лице е толку речит. Никогаш претходно не сум видел таа толку јасно да покажува незадоволство пред камерите, тоа е одлична снимка“, вели историчарот за кралското семејство Пирс Брендон.

Од друга страна, книжевникот Ричард Кеј додал дека тишината помеѓу нив по кажаниот коментар е морничава:

„Всушност може да видите како згасна сјајот во нејзините очи. За неа тогаш целиот свет се урна“, вели биографот на принцезата Дијана – Ендрју Мортон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2021 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега