Премиерот Груевски утре со набиена агенда

 

Утре официјално ќе биде означен стартот на градежните работи  на трговско индустриската развојна зона Тетово. На свеченото поставување на камен темелник, најавено е и присуството на премиерот Никола Груевски.
ТИРЗ Тетово се наоѓа на автопатот Е65, на 3 километри источно од Тетово. Се протега на површина од 96 хектари  а ќе се гради преку јавно-приватно партнерство. Според проекциите, во зоната во наредните нрколку години треба да се вложат 7 милиони евра.
ТИРЗ Тетово ќе ппретставува значаен импут во економскиот развој на овој регион.
Покрај овој настан, од кабинетот на Премиерот Груевски најавуваат негово присуство на пуштањето во употреба на новите производствени погони во фабриката за катализатори Џонсон Метри во зоната Бунарџик. Почетокто на настанот е предвиден за во 13 часот.
Со оваа инвестиција, вкупната инвестициона активност на Џонсон Мети ќе изнесува 120 милиони евра и ќе прерасне во најголема гринфилд инвестиција во Македонија

07.11.2013 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега