Ставрески: Новите автопатишта ќе ја раздвижат економијата во Македонија
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска најави раздвижување на економијата во земјата во 2014 со зголемување на средствата за капитални инвестиции за 20 отсто.
- Во 2014 година капиталните инвестиции ќе достигнат преку 520 милиони евра. Дел од нив, околу 360 милиони евра се реализираат преку буџетот на РМ, а дел преку ЈП за патишта во изградба на нови патишта. Тоа покажаува дека капиталните инвестиции ќе бидат силен замаец на развојот на македонската економија во 2014 година и ќе го придвижат економскиот раст на земјата, рече Ставрески.
Тој како најзначајни ги посочи двата автопата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, интензивирањето на изградбата на Коридорот 10, но и реализацијата на многу други патишта од локален и регионален карактер.
- Тоа ќе креира нови работни места и ќе придонесе за поголем економски раст. Таа политика на Владата и оваа година се покажа успешна и верувам дека догодина ќе даде уште поголеми резултати, истакна вицпремиерот и министер за финансии Ставрески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа