Најтажната принцеза повеќе не се појавува во јавност - луѓето се убедени дека се случува нешто чудно со неа

 

Шарлин, принцезата од Монако, медиумите на денот на нејзината венчавка ја нарекоа „најтажната жена на светот“, а сега повеќе не се ни појавува во јавноста, што ги загрижува нејзините следбеници.

Имено, принцезата Шарлин стана главна тема во медиумите откако пред неколку дена не се појавила на промоција на спортскиот живот помеѓу децата и младите. Поради тоа, обожавателите се сомневаат дека нешто се случува со неа.

На настанот како нејзина замена се појавил сопругот, принцот Алберт Втори, и наместо неа примил чек во износ од 3 илјади евра кој му го предала Исабела Бонал, главната комесарка за национално образование, млади и спорт за Монако.

Парите кои отишле во рацете на кралското семејство ќе бидат наменети за основање на школа за рагби во Еквадор.

Принцезата во минатото ретко ги пропушташе ваквите настани, но ова е веќе втор на кој како своја замена го испраќа сопругот Алберт.

Причината за тоа, сметаат многумина, е загубата на двајца блиски пријатели – Гудвил Звелитини, кралот на народот Зулу и една од неговите сопруги, кралицата Шијиве Мантфомби чија смрт многу ја погодила Шарлин. Принцезата присуствувала на погребот на кралот, а на фотографиите можело да се забележи колку ја потресла таа ситуација.

За нејзината тага често се шпекулираше и во медиумите, а како што сметаат многумина, причина за тоа е неверството на нејзиниот сопруг. Шарлин во една прилика се појави во јавност со половина избричена глава што медиумите го протолкуваа како бунт против Алберт Втори.

Прекарот „најтажната жена на светот“ го доби по сопствената венчавка на која постојано плачела, а многумина не биле уверени дека станувало збор за солзи радосници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега