Кинеската медицина - последна надеж за тешко болна прилепчанка

Семејството на прилепчанката Моника Илковска која боледува од церебрална парализа, единствената надеж за нејзино лекување ја гледа во кинеската алтернативна медицина,пренесува Канал 5. Со цел да можат да го остварат ваквото лекување тие продале за да можат да го подобрат здравјето на нивната ќерка. 

Сите се со желба и молитва да Моника конечно стане од инвалидската количка и да превземе дел од домашните обврски. Нејзините родители се без работа, па средствата за лекарства и помагала и физикална терапија ги обезбедувале од одгледувањето и продажбата од тутунот. 

Трагедијата да биде уште поголема ова семејство пред неколку години го изгубило и синот, а здравјето на Моника од ден на ден за жал се повеќе се влошува.

Моника трпеливо ќе го чека одговорот за тоа дали кинеската влада и македонските надлежни институции ќе и овозможат да патува во оваа далечна земја и со помош на кинеската медицина да ја победи болеста.

11.11.2013 - 10:19
Фото: 
kanal5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега