Женско тело во фаза на распаѓање пронајдено во стан во Скопје
Во текот на вчерашниот ден било пронајдено безживотно тело на жена во стан во Скопје.
Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера напладне во стан лоциран на улицата "Методија Митев", каде што живеела жената, а нејзиното тело веќе било во фаза на распаѓање.
Телото на починатата го пронашла нејзината сестра која отишла да ја посети, по што случајот веднаш го пријавила во полиција.
Обдукцијата ќе покаже во какви околности настапила смртта, но најверојатно се работи за природна смрт, бидејќи по телото на жената нема видливи траги од насилство.
12.11.2013 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа