Не е само црниот дроб: Алкохолот влијае лошо на уште еден орган

 

Познато е дека алкохолот лошо влијае на црниот дроб, но исто така лошо влијае и на бубрезите. Специјалисти објаснуваат како конзумирањето на алкохол долгорочно може да ги оштети бубрезите.

Нефролог од клиниката во Кливленд објаснува дека оваа навика може долгорочно да им наштети на бубрезите.

Д-р Шан Бобард, нефролог во клиника на Флорида објаснува дека влијае на бубрезите кои се одговорни за филтрирање на отпадот од крвта, регулација на рамнотежата на водата и минералите во телото во производството на хормони, пишува Б92.

Експертите објаснуваат дека пиење по пет или повеќе пијалаци во краток период може да придонесат  токсините да се насоберат во вашата крв, па поради тоа бубрезите не можат да одржат правилен баланс на течностите.

Тоа може да предизвика нешто што е познато како „акутна повреда на бубрезите“, а може да доведе и до хронични болести на бубрезите. Навиката да пиете алкохол со време може да двојно да го зголеми ризикот од бубрежни болести, на што укажуваат докторите.

01.07.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега