Овие подароци во куќата треба да се фрлат или запалат: Никако не ги чувајте дома
Фенг шуи професионалците веруваат дека секој предмет во себе носи енергија, а со самото тоа што го чуваме во нашата куќа, таа енергија ја пренесуваме на нашиот дом.
Затоа, според нивните зборови, треба многу добро да се внимава што се внесува во куќата и чии подароци ги прифаќаме и чуваме.
Се смета дека најлошо што може да внесете во куќата е подарок на завидна и злобна личност. Тој предмет, според верувањето, брзо ќе внесе караници во куќата, а дури и болест, развод...
Се верува дека личностите кои ви завидуваат и не се ни малку среќни поради вашиот успех, било на фамилијарно или работно поле, се први во редот за да ви подарат нешто. Негативната енергија на давачот се пренесува на предметот, кој тивко, но моќно делува на вашиот дом.
Како да препознаете предмет полн до негативна енергија?
Доколку почувствувате непријатнот при врачување на подарокот или имате чудно чувство секој пат кога ќе го погледнете, фрлете го тој предмет без грижа на совест. Не го носете на тават или во подрум, само фрлете го. Некои веруваат дека е најдобро ваквите предмети да се запалат.
Верувајте ѝ на својата интуиција кога се вакви работи во прашање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа