„Поради неговата мајка го мразам како да е фашист“- Индиски новинар откри зошто никогаш нема да навива за Ѓоковиќ
За најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, особено се зборува после Вимблдон каде тој го освои својот 20-ти гренд слем трофеј.
По освојувањето на шестиот Вимблдон и 20-от гренд слем трофеј, Новак се изедначи на вечната листа со Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Периодов исто така се огласуваат и коментираат многу од експертите од тенискиот свет, а особено се истакнала една колумна од порталот „Sportskeed“.
Автор на истата е индиски новинар, Шајам Камал, а насловот на колумната е „Зошто не можам да навивам за Новак Ѓоковиќ“.
„Да морам да изберам еден играч да игра тенис за мојот живот, не би го избрал Ѓоковиќ, па дури и да знам дека тоа ми е единствената шанса да останам жив“, објаснил Камал, па продолжил:
„И покрај сè, морам да признаам дека Ѓоковиќ веројатно е најдобриот тенисер на сите времиња, иако сè уште трае таа дебата. Го мразам како да е фашист. Зошто? Поради тоа што неговата мајка Дијана во 2008 година изјави „кралот е мртов, да живее кралот“, кога Ѓоковиќ го победи Федерер во Австралија во 2008 година.
Кога по 13 години видов дека неговото име е повторно на ѕидот на Вимблдон, се сетив колку го мразам. Но, тој и натаму е тука. Подобар е од Надал и Федерер.
Како стана најдобар? Видовте во финалето на Вимблдон, последниот поен. Играше 11 удари на 2:1 во сетови и 5:3 против еден Матео Беретини, па чекаше тој да погреши. Тоа е добар потег, но кој сака таков тенис?
Друго размислував зошто толку го мразам. Веројатно поради ладнокрвноста и тој „мртов“ стил. Доколку сте навивач на Надал и Федерер имате што да сакате. Вака... Секако дека тој е најдобар и премногу добар за да бидете возбудени околу него. Непобедлив е“, стои во колумната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа