Косово со златен медал на Олимписките игри во Токио

 

Косовската џудистка Дистриа Красниќи стана првиот спортист од Европа со златен медал на Олимписките игри во Токио, откако триумфираше попладнево во категоријата до 49 килограми.

Красниќи, која е актуелен европски првак, во олимпиското финале ја совлада јапонската претставничка Фуна Тонаки.

За Косово е второ олимписко одличје во историјата и втор златен медал. Првиот пред пет години, исто така, во џудо го освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми

24.07.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега