Семејна трагедија во Маврово: Си го потрупал сопствениот брат со песок

 

Семејна трагедија ги вознемири жителите на селото Маврово. Како што дознава Press24 од полициски извори, Рамче Ј. го потрупал со песок својот 58 годишен брат Нафи. Несреќата се случила околу 15 часот во близина на црквата Свети Никола во Маврово. Рамче додека го истоварал песокот од камионот, не забележал дека зад него се наоѓа неговиот брат Нафи, при што го потрупал со песокот. 58 годишниот Нафи починал на лице место. За несреќата информирана е и полицијата. Од таму за Press24 И официјално ја потврдуваат оваа информација и додаваат дека полициски службеници се на терен и вршат увид.

13.11.2013 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега