Клоп за трансфер активностите: Ние имаме лимити, ривалите прават што сакаат

 

Јирген Клоп не ги поштеди најголемите ривали во однос на скапите трансфери кои ги реализираа и ова лето, потенцирајќи дека Ливерпул има поинаков концепт и нема неограничени ресурси како останатите.

На денешната прес-конференција на која менаџерот на „црвените“ го најави почетокот на сезоната во Премиер лигата, главна тема очекувано била трансфер активностите на екипите кои ќе се борат за титулата.

Ливерпул потроши 36 милиони фунти за Ибрахима Конате, но затоа Сити, Челси и Манчестер Јунајтед потрошија по повеќе од 100 милиони фунти за своите засилувања.

– Не сум изненаден од нивното трошење пари бидејќи на овие клубови очигледно пандемијата нема никакво негативно влијание.

– Ја знаеме ситуацијата на клубови како Челси, Сити и ПСЖ, ние имаме сопствен начин, а тој е да трошиме од парите кои сме ги заработиле. Тие очигледно немаат лимити, а ние имаме, но и со тие лимити бевме одлични последните две сезони. Треба да го направиме тоа повторно.

– За нас најважно е да го задржиме тимот, иако некој ќе каже дека ако нема трансфери, сме го промашиле преодниот рок. Тоа на е точно, важно е што дел од фудбалерите ги продолжија договорите, а Конате го доведовме бидејќи веќе не смееме да дозволиме ризик да останеме без солуции на одредени позиции, – изјавил Клоп.

Ливерпул ќе ја отвори сезоната против Норич и тоа утре од 18:30 часот.

13.08.2021 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега