Претседателот Иванов ќе се обрати на конференција по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Шефот на државата Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на Националната конференција за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција која се одржува по повод Меѓународниот ден на толеранцијата - 16 ноември.

На конференцијата најавено е и обраќања на претседателот на МАНУ Владо Камбовски, шефот на мисијата на ОБСЕ Ралф Брет, евроамбасадорот Аиво Орав и директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска. 

15.11.2013 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега