Кардиолог открива: Овие намирници треба да ги избегнувате доколку се грижите за здравјето на вашето срце
Често забораваме дека тоа што се наоѓа на нашата чинија и тоа како влијае на здравјето на нашето срце.
„Храната која е здрава за срцето содржи хранливи состојки кои докажано му користат на кардиоваскуларниот систем или го намалуваат развојот од срцеви болести и го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, го намалуваат крвниот притисок, ја контролираат телесната тежина или го подобруваат чувството на инсулин“, вели докторката Ранија Батајнех која е авторка на книгата „The One One One Diet“.
Омега три масните киселини, калиум, калциум, магнезиум, растителни влакна, фитонутриенти и антиоксиданти се најважни, а нивниот удел е најголем во медитеранската храна, па треба да ги консумираат оние кои сакаат да го подобрат здравјето на срцето.
Науката ја поткрепува оваа теорија и вели дека менито базирано на житарици, јаткасти плодови, како и малку млечни производи и масти здрави за срцето, може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за една третина, наведено е во студијата од 2016 година објавена во списанието „Journal of the American College of Cardiology“.
Која храна добива црвено светло кога станува збор за здравјето на срцето? Прочитајте во продолжение.
- хот-дог;
- печено пилешко месо;
- пржено пилешко месо;
- пржени компири;
- чипс;
- овошно смути;
- зелен сок;
- конзервиран зеленчук;
- готови замрзнати јадења;
- кечап;
- црвено месо;
- сол;
- бел леб;
- спортски напитоци;
- енергетски напитоци;
- алкохол;
- путер од кикирики;
- овесни снегулки со шеќер;
- јогурт со вкус;
- маргарин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа