Груевски денеска со набиена агенда

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на резервоар за вода и цевковод во близина на село Сиричино, општина Јегуновце. 

 Потоа, премиерот Груевски ќе се упати кон Државниот универзитет во Тетово, каде ќе присуствува на промоција на студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и приридни производи, а потоа премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во ОУ „Исмаил Кемали“, општина Гостивар.

 

16.11.2013 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа