Мицкоски: Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции

 


Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции, во 2024 година регистрирани 1 милијарда и 255 милиони евра, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека ја добил веста на пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган.

„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Додаде дека успехот особено го радува оти затекнале економски пустош.

28.02.2025 - 14:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега