Д-р Постон: Промената на кожата е јасен знак дека еден од најважните органи во телото не функционира добро

 

Без здрав црн дроб нема добро здравје, согласни се докторите.

За да го сочувате организмот неопходно е да водите сметка за тој важен орган.

И со секојдневните навики го уништуваме нашиот црн дроб. Доколку внесувате премногу шеќер, алкохол или пак сте се здебелиле неколку килограми, сето тоа го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб.

Доколку не сте сигурни дека овој орган ви е во добра состојба, тогаш обрнете внимание на овие симптоми.

Според експертите, доколку во текот на вечерта чувствувате чешање, тогаш треба да направите проверка на црниот дроб. Чешањето е поврзано со болен црн дроб, а има и тенденции истото да се влоши во текот на вечерта.

Според зборовите на д-р Венди Холанд, една од задачите на црниот дроб е разложување и извлекување на супстанции кои на вашето тело не му се потребни.

„Доколку тоа не успее од било која причина, следниот орган кој ќе се обиде да го направи тоа е кожата. Па, поради тоа се јавува чешањето“, објаснил д-р Холанд.

 Како да препознаете дека баш со црниот дроб нешто не е во ред? Чешањето е поврзано со заболувања на црниот дроб, а истото најчесто предизвикува осип и најчесто се jaвува на дланките и стапалата.

„Чешањето кое е поврзано со црниот дроб главно ги погодува дланките и стапалата“, објаснува д-р Лин Постон.

„Вообичаено се влошува во текот на ноќта и во текот на менструалниот циклус кај жените, доколку консумирате хормонска терапија, доколку сте бремени или пак кожата постојано ви е во допир со волна“.

Останатите симптоми кои укажуваат дека црниот дроб е загрозен, може да бидат и:

- болки во стомакот;

- повраќање;

- жолта кожа;

- умор;

- проблеми со мускулите.

22.12.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега