Време: Утрово сонце - попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, локално ќе има кратки сончеви периоди, но и повремени локални врнежи од дожд. Пообилни ќе бидат врнежите доцна попладне и во ноќните часови, а особено повеќе ќе бидат изразени во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет. Температурата нема значајно да се менува. 

19.11.2013 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега