Магичен напиток кој ќе ве крене од мртвите: Со црната лимонада ќе направите детокс на целиот организам и ќе ги исфрлите отровите

 

Доколку планирате да го исчистите телото од насобраните токсини, да го ресетирате телото и едноставно да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, овој пијалок е токму за вас.

Лимонадата на многумина им е омилен летен напиток, освежителна е и многу вкусна, но кога ќе и додадете активен јаглен, добивате и совршен напиток за повторно раѓање на целиот организам. Поради активниот јаглерод, овој пијалок има црна боја, додека вкусот останува непроменет.

Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух за време на оброците), па дури и при проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот што доведува до слабеење.

Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од разни растенија и кора од кокос и има впивачки својства, па ги отстранува штетните материи и токсините од телото.

За подготовка ви треба:

Сок од половина лимон или лимета
Чаша минерална или кокосова вода
Половина кафена лажичка активен јаглен

Начин на подготовка:

Додадете сок од лимон и активиран јаглен во прав во водата. Добро промешајте и напитокот е готов.

Пијалокот се пие еднаш неделно и никогаш почесто од тоа.

Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лекови. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.

26.12.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа