Искусен пекар откри трик - една состојка ќе направи лебот да остане подолго свеж

 

Никој не сака леб и бели пецива „од вчера“, па дури ни стари неколку часа. Кога ги купуваме во пекара обично прашуваме дали се тазе, мислејќи на тоа дека пред малку излегле од печка.

Во продавниците свежината се проверува со „допир“ односно со притискање на пецивата, па така во секоја продавница ќе видите така наречени „професионални пипкачи“ обично постари лица кои со оваа техника проверуваат десетина леба пред да ги купат.

Доколку после притискање тестото брзо се врати во првобитна состојба, значи пецивото е свежо.

Ако подготвувате леб дома, веројатно забележувате дека брзо станува бајато и се рони. Во што е тајната?

Тајната се состои во една состојка, а ја знаат професоналците.

„Рокот на траење на пекарските производи, лебовите, кифлите и погачите можете да го продолжите така што ќе додадете мед во тестото. Благодарение на оваа состојка кифлите, лепчињата и лебот ќе останат подолго свежи и нема да се ронат“, објаснил професионален готвач од „Haggis Pub & Kitchen".

27.12.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега