Докажано ги убива сите болки за 2 минути: Ова е најмоќниот природен лек на светот

 

Тој е евтин и лесно достапен, а сè што треба да направите за да се ослободите од болките е да го помешате со вода и да го нанесете на болното место.

Летото сè уште трае – период кога поголемиот дел од времето го поминуваме на сонце, а тогаш треба да обрнеме внимание на трите најважни работи – хидратација на телото, заштита од сонце и одмор, за да може телото да се регенерира и да остане здраво. 

Најчестиот проблем во текот на летото е болката во мускулите и зглобовите, предизвикана од ненадејно зголемување на активностите, како и сува кожа поради потење и ефектите од УВ зраците.

Денеска ви предлагаме да испробате едно од најдобрите решенија – домашен лосион со магнезиум, односно масло од магнезиум кое може да ги реши сите овие проблеми во еден потег!

Како што веќе знаете, магнезиумот е клучен минерал во човечкото тело, кој им е неопходен на клетките за нивно функционирање. Дури 300 хемиски процеси во телото бараат присуство на магнезиум, што значи дека мора да се внесува во доволни количини секој ден.

Еве неколку функции на магнезиумот во организмот:

- Го подобрува здравјето на коските

- Го регулира нивото на енергија

- Ја забрзува апсорпцијата на витамин Д од сонцето

- Го забрзува заздравувањето на раните

- Го ублажува воспалението

- Ја стимулира циркулацијата

- Го намалува ризикот од дијабетес

Сепак, иако е многу важен, поради неправилната исхрана многу луѓе не внесуваат доволно магнезиум. Но, вие започнете што е можно поскоро бидејќи неговиот недостаток има сериозни последици.

Покрај исхраната, постои уште еден начин како да се внесе магнезиум во телото, и по скратен пат – преку кожата. Со оваа метода сигурно ќе го задоволите препорачаниот дневен внес (280-300 мг. за жени, 270-400 мг. за мажи), а за тоа ви требаат само зовриена вода и магнезиум хлорид.

Д-р Норман Шели, американски специјалист за холистичка медицина, спровел истражување за време на кое учесниците секојдневно нанесувале домашен лосион од магнезиум хлорид на кожата.

По само 4 недели, 75 проценти од учесниците имале повисоко ниво на магнезиум во своето тело.

Рецепт за домашен лосион од магнезиум (масло)

Потребни состојки: 3 лажици врела вода, половина шолја магнезиум хлорид

Подготовка и примена: Сè што треба да направите е да помешате вода со овој моќен прав и смесата да ја нанесете на кожата! Со овој лосион можете да се ослободите од болка во коските и мускулите – само нанесете го лосионот на болното место, измасирајте и почекајте 2-3 минути. Ќе бидете воодушевени од резултатот!

Истата смеса можете да ја користите за редовна нега на кожата на телото, наместо вообичаени креми полни со хемикалии – само додајте шеа путер во оваа смеса.

27.12.2021 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега